Диневски: ВМРО-ДПМНЕ континуирано и систематски го уништува здравството на штета на граѓаните


203 views    1 likes

Извадок од говорот на пратеникот Менде Диневски, трето продолжение од седница бр.84 на Собранието на Република Македонија.

Ова законско решение за медицински услуги и континуирано стручно усовршување на докторите беше донесено во периодот во 2013 година, кога опозицијата ја исфрливте надвор од ова Собрание.

Откога увидовте дека ваквото законско решение се однесува само на докторите на медицина, а притоа согласно Законот за здравствена заштита, тоа треба да се однесува и на докторите на стоматологија, на фармацевтите, на другиот персонал на кои вие сакате да има континуирано стручно усовршување, сега со измените на законот се обидувате тоа да го поправите. Ама законот ќе ви биде фаличен. Затоа што нема член во законското решение, постоечкото кое го имате во кој не се повикувате само на докторите на медицина.

Клучната и најголема реформа за која многу пати сме зборувале тука е распарчувањето на Клиничкиот Центар.
Тогаш ве убедувавме, ве уверувавме дека тоа е штетно за терцијалното здравство и вие посегнавте по тоа. Воведовте по двајца директори со врзан потпис, направивте 30 управни одбори. На годишно ниво потрошивте или трошите некаде по 1.5 милиони евра. Потоа да не ја спомнувам реформата со која се обидовте да инсталирате камери сите јавно здравствени установи. Притоа од кога ги добивте забелешките од надлежните институции целиот проект пропадна, но 2.2 милиони евра фрливте во вода.

Пред да понудите било какво решение во ова собрание, пред се треба добро да го осмислите, за да не ги имаат последиците тие на кои се однесува и самото законско решение.

Вие нудите законско решение во кое вградувате што егзистираат и функционираат и се рутинска работа во здравството во Република Македонија, децении наназад, не години, децении.

Дали ваквиот начин со кој вие задолжително барате од избраните лекари и со тоа предвидувате сериозни, кога барам за сериозни, зборам за казни за кои ќе се одразат врз работата врз самите здравствени работници, а тоа е дека ако не го посетат курсот првата година, ќе бидат казнети со 20% од договорот што го имаат со фондот за здравственото осигурување. Во втората година, ќе им бидат раскинати договорите со фондот за здравственото осигурување.

Се добива впечатокот дека секојдневно се бараат се повеќе и повеќе начини фондот за здравствено осигурување да ги дисциплинира избраните доктори, а по можност и истите да ги казни и да им ги раскине договорите. Друг изговор, освен овој е дека ваквото законско решение, ова што се нуди сега е повторно донесено или напишано набрзина со голем број на недоречености.






SDSMtube

1485
Subscribers
2953638
Views



Официјален YouTube канал на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија